Му кажа НЕ на Мурињо, па сега под казна ќе си седи на клупата

Французинот Марсиал одбива да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед. Тоа се повеќе го нервира менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо кој сака Марсиал да остане во Јунајтед.

Марсиал одби нов петгодишен договор со клубот, верувајќи дека е време да ја промени средината. Па, Мурињо како би нашол некој начин да го натера уште еднаш да размисли се одлучи да го казни со оставање на клупата за денешниот натпревар против ВБА во Премиер лигата.

Францускиот офанзивец тврдоглаво одбива да разговара со Мурињо, кој се обидува да состави квалитетен тим за следната сезона да го запре Сити на патот до титулата. Португалецот планира носење на уште неколку големи засилувања на „Олд Трафорд“ на крајот од сезоната.

Се вчитува...