Му се поклони Чаир на актуелниот куп-победник (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Академија Пандев е актуелен освојувач на Купот и трофејот засега го брани успешно. Победи и на Чаир против Шкупи и направи голем чекор напред кон пласманот во полуфиналето на најмасовното натпреварување.

Ѓорѓи Танушев во самиот финиш донесе триумф во последните мигови од дуелот, а Душан Чубраковиќ успеа да ја сочува мрежата на составот на Југослав Тренчовски. Не успеа да го совлада ниту Марин Јурина од белата точка.

 

Се вчитува...