Новиот прволигаш ФК Скопје ја отвора сезоната со гостински натпревар против вицепрвакот Шкендија. Мечот ќе се одигра на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија со почеток во 19 часот.
Новиот шеф на стручниот штаб на клубот од Автокоманда, Муарем Муарем, верува дека неговиот тим може да му парира на фаворитот.
„Нема сомнение дека Шкендија фаворит по неколку основи, и квалитативно, но и се наоѓа веќе во натпреварувачка форма, со оглед дека настапува во европските купови. Ние подоцна ги стартувавме подготовките, сѐ уште сме и во фаза на изградба на тимот, но ќе се обидеме максимално да му отежнеме на противникот на овој натпревар. Мотивите кај мене и кај фудбалерите се огромни, веруваме дека можеме да одиграме добар натпревар и на крајот да оствариме позитивен резултат“, вели новиот тренер на ФК Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
