Муарем Муарем го презема кормилото на Скопје

Поранешниот македонски репрезентативец Муарем Муарем треба официјално да биде промовиран како нов шеф на стручниот штаб на Скопје.

Повратникот во Првата македонска фудбалска лига во желбата за искусно тренерско име за враќањето во елитата, повторно во своите редови го враќа поранешниот свој фудбалер, Муарем Муарем.

По заминувањето на Александар Таневски, Муарем се очекува да го води тимот во прволигашкото друштво.

Изминатава пролетна сезона Муарем го водеше тимот на Работнички, а претходно во својата тренерска кариера беше тренер и на Башкими и Гостивар.

Се вчитува...