По осум кола во Првата Македонска фудбалска лига, Муарем Муарем повеќе не е тренер на Скопје.
Муарем го презеде Скопје на стартот на сезоната, но резултатите не одеа во посакуваната насока, под негово водство тимот не успеа да забележи ниту една победа, а на осум средби има учинок од три ремија и дури пет порази за последно место на табелата.
„„Сакам да изразам благодарност до управата на Скопје за довербата и да им посакам многу успех во иднина“, порача Муамрем преку социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
