Муарем се враќа на кормилото на Башкими

По разделбата со Скопје, поранешниот македонски репрезентативец Муарем Муарем повторно се враќа како шеф на стручниот штаб на кумановско Башкими 1947.

Муарем веќе постигна договор со раководството на Башкими за враќање на тренерската функција, а веќе денеска се очекува негово преземање на екипата и тренажниот процес.

Муарем доаѓа на местото на Шабан Сулејмани кој ја стартуваше сезоната на клупата на Башкими.

Се вчитува...