Муарем стрелец против Нефчи, го води Карабах во финалето од Купот на Азербејџан

Македонскиот интернационалец Муарем Муарем е еден од најзаслужните за победата на Карабах од 0-2 на гостувањето против Нефчи во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Азербејџан.

Муарем постигна убав погодок со глава во 13. минута за водство од 0-1 на својот тим.

* Погодокот на Муарем може да го погледнете на временскиот исечок – 2:40…

Во продолжението, Ндлову во 28. минута стрелаше за конечни 0-2.

Карабах по овој триумф има далеку полесна задача на реваншот, на 5. април, да го трасира патот кон финалето на азербејџанскиот Куп.

Се вчитува...