Муарем стрелец за Карабах

Македонскиот фудбалски интернационалец Муарем Муарем беше стрелец на погодок за својот тим Карабах во првенството на Азербејџан. Карабах славеше на гости против Сумгајт со 0-4, а Муарем го постигна третиот гол за својот тим, во 49.минута од средбата.

Карабах со оваа победа се искачи на првото место на табелата во шампионатот на Азербејџан, со два бода предност пред Галаба, но и еден одигран меч повеќе.

Се вчитува...