Мукаетов и Милошевски на трибини – испишана историја во Рејкјавик (фото)

Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, отпатува со репрезентацијата во Рејкјавик за да им даде поддршка на селекторот Брестовац и на ракометарите на дуелот со Исланд. Првиот човек на македонскиот ракомет во друштво на Генералниот секретар Филип Милошевски ги бодреше ракометарите, давајќи им поддршка и при слабиот старт, на крајот заедно со нив славејќи ја големата победа.

Историјата велеше дека Македонија никогаш досега не триумфирала во Рејкјавик, но денеска беше избришана таа непријатна традиција за нашиот ракометен национален тим.

Се вчитува...