Мукаетов, Лазаров, Трифун Костовски… меѓу победниците на првиот избор „Маж на годината“! (ФОТО)

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов и најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров се победници во една од десетте одбрани категории на првиот избор за „Маж на годината“ кој се организира во Македонија од страна на friday.mk и агенцијата Моментум. На првиот официјален избор, на кој се избираа мажите на годината за 2018 во десет категории, главното признание за Маж на годината според одбрана жири комисија, во конкуренција на вкупно 82 предложени мажи, го доби доктор Владимир Чадиковски.

Живко Мукаетов, генералниот директор на „Алкалоид“ доби награда за менаџер на годината во конкуренција на 12 најдобри македонски менаџери номинирани во оваа категорија.

„Чест е да се биде во друштво со Влатко Чадиковски, Трифун Костовски, Никола Димитров, Кирил Лазаров, Волтер Пломп, Душко Чиглиганец, Огнен Јанески… Благодарност за наградата Маж-менаџер на годината и искрени желби за уште многу вакви убави настани!“ – истакна Мукаетов.

Кирил Лазаров, пак, ја доби наградата за Маж на годината со најголем придонес во спортот. Лазаров, поради обврските, пред присутните на манифестацијата се обрати преку видео бим од Нант.

„Да бидам искрен ова признание секако многу ми значи, посебно што е во избор во силна конкуренција а одбран од жири во кое се лица кои го следат спортот“ – порача од Нант, Кирил Лазаров.

Наградата млад менаџер ја доби Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на „Адора“…

Наградата за маж странец во Македонија наградата отиде во рацете на Амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп. За наградата за маж со најголем придонес во културата беше избран режисерот на „Исцелител“, Ѓорче Ставрески. Во категоријата за маж со најдобар стил, наградата ја доби министерот за надворешна работи, Никола Димитров, а за маж со трајни вредности беше избран Трифун Костовски.

Наградата за маж во избор на социјални медиуми отиде кај Огнен Јанески. Доктор Владимир Чадиковски, покрај главната награда, го доби и признанието за Маж на годината за најголем општествен придонес.

Наградените беа одбрани од жири комисијата која ја сочинуваа членови од докажани институции, новинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти, уметници. Дел од жири комисијата беше и ЕКИПА. МК.

Се вчитува...