Мукаетов: Поразите знаат да разочараат, но јунаците на мака се познаваат

Ракометната Федерација на Македонија под водство на Живко Мукаетов е подготвена за предивиците што ќе се најдат пред неа во периодот што следи. Ова е пораката испратена од првиот човек на македонскиот ракомет на денешното Годишно Собрание на РФМ, порачувајќи дека разочарувачкиот пораз од Исланд нема да го поколеба раководството на куќата на ракометот во обидите за уште поголем развој на овој спорт.

Во текот на изминатиот период беа одржани осум собири на УО, на кои беа донесени одлуки за унапредување на ракометниот спорт. Од февруари 2018 до 2019 година РФМ уредно ги сервисираше сите национални репрезентации, во нивните подготовки и настапи на соодветните натпреварувања. Настапот на СП 2019 сениорската машка репрезентација го заврши на 15. место, исти пласман како и на претходниот Мундијал во Франција. Иако наша желба беше да се пласираме во втората фаза, за жал го загубивме клучниот натпревар со Исланд, па поради промената на системот на натпреварување на ова СП не се пласиравме во втората рунда“ – изјави Мукаетов.

Првиот човек на РФМ посочи дека е успех самиот континуитет од настапи на големите ракометни натпреварувања, на нашата сениорска репрезентација.

„Морам да потенцирам дека Македонија има континуитет е настап на осум големи натпреварувања, нешто што не им успеало на селекции како Германија, Унгарија Словенија… Се наоѓаме во процес на подмладување, за кој се надевам дека ќе мине што побезболно гледано од резултатски аспект. Како федерација ќе продолжиме со зацртаните активности, за трасирање на патот на женскиот ракомет онаму каде што припаѓа. На победите сите им се радуваат, поразите знаат да бидат разочарувачки, но спортската борба мора да продолжи со несмален интензитет. Јунаците се познаваат на мака и ние ќе продолжиме во ист стил, да го поддржуваме ракометниот спорт заедно со нашите спонзори“ – потенцираше Живко Мукаетов.

Се вчитува...