Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска и официјално ја донесе единствената исправна одлука кога е во прашање неодиграното финале од Европскиот куп на ЕХФ! Македонскиот тим Алкалоид го доби со службени 10-0 реванш натпревар кој не се одигра во Скопје, поради одлуката на грчки АЕК да не излезе на терен, и со две победи, и по онаа во Атина, го освои трофејот во Европскиот куп.
Со свое соопштение по освојувањето на историскиот трофеј излезе и човекот кој е заслужен за овој проект кој е составен од домашни млади ракометари, Живко Мукаетов.
„Со визија изградена врз млади македонски таленти, силна верба во тимот и професионализам според светски стандарди – РК Алкалоид испиша нова страница во европскиот ракомет. Многумина не веруваа дека е возможно да се стигне толку брзо од салата во Автокоманда до врвот на Европскиот куп, но малку е ако кажам дека ми е навистина драго што успеавме!
А како? Со напорна работа, максимална посветеност, силен тимски дух, верба во фер-плејот и лидерство какво секој би посакал на клупата. Искрени честитки и од срце ОГРОМНО благодарам на @kiril.lazarov7 кој и официјално стана прв македонски тренер во историјата на македонскиот ракомет кој освоил Европски трофеј.
Огромно БРАВО за момците кои јуначки и витешки се бореа на секој меч! Секоја чест на стручниот штаб за професионално сработените задачи – докажавме дека со чесен, искрен и транспарентен пристап, без скриени ракавици и задкулисни игри, успехот секогаш сам доаѓа! ?
За крај, и над сѐ, благодарност од СРЦЕ на прекрасната публика: вработените во @alkaloidskopje прекрасните #кафетинки
подмладокот од @rkalkaloid и @rkmultiessence – кои безрезервно ги бодреа своите идоли, како и непоправливите ‘ентузијасти’ кои верно нѐ следат на секој натпревар ?
Поздрав од плаво-белите од Автокоманда!Одиме понатаму
Со верба во себе и верба во Бога!
НАПРЕД АЛКАЛОИД!“, напиша Мукаетов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА