Мулти Есенс со титулата во Првата лига и пласман во Суперлигата

Пехар во ракометната Прва лига и пласман во Супер-лигата. Тоа е екипата на Мулти Есенс која успеа со 23 победи и само еден пораз, да го освои првото место на табелата, и да се пласира меѓу „елитата“.

Мулти Есенс заврши со само еден бод повеќе од Младост Богданци, кој сега ќе игра мбараж против претпоследниот тим во Суперлигата, екипата на Струга.

Во решавачкиот натпревар, последен сезонава што се одигра во Автокоманда, РК Мулти Есенс попладнево го победи тимот на РК Драчево Јуниор, кој на крајот заврши како третопласиран.

Дерби натпреварот беше решен уште во првото полувреме. По изедначеното резултатско отворање до 5-5, следеше серија на Мулти Есенс и во последната минута од полувремето стигна до предност од десет гола (17-7). На пауза беше 17-8, а односот на силите не се промени ниту во второто полувреме, па конечниот резултат гласеше 39-25 во корист на новиот суперлигаш.

Се вчитува...