„Мундијал за лузери“ со САД, Италија, Холандија…

Неколку силни и реномирани селекции останаа без пласман на СП во Русија, но лесно може да се случи тие летово да ги одмерат силите меѓу себе во „мундијалот на лузери“, како што тоа веќе го окарактеризираа бројни медиуми ширум светот.

Идејата е на Фудбалската Асоцијација на САД, која потврди дека преку својата промоторска куќа веќе тргнала во реализација на проектот.

„Целта е сите оние квалитетни репрезентации кои не настапуваат на мундијалот да играат по неколку квалитетни пријателски средби. Се уште се размислува дали да стане збор за турнир или друг формат, а покани ќе добијат Италија, Холандија, Чиле, Гана и уште некоја селекција. Средбите би се играле во периодот пред мундијалот во Русија“ – откриваат од Фудбалската Асоцијација на САД.

 

Се вчитува...