Одбројувањето започна. Остануваат помалку од две недели до 5. издание на Мундијалот на пријателство „Улцињ 2026“ кој годинава ќе се одржи од 9. до 11. октомври, спектаклот кој последниве пет години го обединува спортскиот Балкан!
Оваа година, Улцињ ќе биде и место за средба на великаните на спортот, новинарството и јавниот живот од просторите на поранешна Југославија.
Мундијалот на пријателство ќе биде отворено во петок, 9 октомври во 19 часот, во големата сала на Домот на културата во Улцињ, а првиот дел од програмата ќе биде посветен на сеќавањето на петмина великани кои повеќе не се меѓу нас – Иван Гудељ, Божо Копривица, Горан Сукно, Душко Вујошевиќ и Дражен Далипагиќ.
Како што најави Павле Пепѓоновиќ, алфа и омега на овој регионален спортски празник, сопругите на покојните Душко Вујошевиќ и Дражен Далипагиќ веќе го потврдија своето доаѓање на еден вид комеморација за двајцата великани на спортот, а одговор од семејството на покојниот Иван Гудељ се очекува до крајот на месецот.
За секоја од споменатите легенди ќе биде прикажан краток филм, а на комеморацијата ќе зборуваат вкупно десет гости. Меѓу нив се Жељко Јерков, Петер Вилфан, Ивица Шурјак, професорот Владимир Копривица, Едо Пеци, Синан Гуџевиќ, Миливој Бебиќ, Игор Милановиќ и Борис Дежуловиќ.
„Целоста агенда и распоред на петтиот Мундијал на пријателство ќе бидат објавени најдоцна до 2 октомври“, вели Пепѓоновиќ.
ПРИСТИГНУВААТ НОВИ ГОЛЕМИ ИМИЊА

Овогодинешното издание носи и бројни нови спортски и новинарски имиња. Меѓу нив, вообичаено ќе бидат и бројни македонски спортски легенди како Бошко Ѓуровски, Шабан Трстена, Драган Канатларовски, Ванчо Балевски, Драги Сетинов….
Пристигнувањето го најавија Дино Раџа, Здравко Реиќ, Драго Ќосиќ, Жељко Павичевиќ, Дражен „Фрфа“ Мужиниќ, Бошко Ѓуровски, Миливој Бебиќ, Оскар Вилјон Рамон, Данира Накиќ, Загорка Почековиќ, С. Цвијетичанин, Млаѓан Шилобад, Зоран Стевановиќ, Драган Тодориќ, Влада Драгутиновиќ, Небојша Зоркиќ, Мишко Мариќ, Радмило Мишовиќ, Слободан Чобо Јањуш, Анте Матуловиќ, Ратко Свилар, Блаж Слишковиќ.
Посебна тежина на настанот му даваат легендите кои веќе учествуваа на Мундијалот на пријателство, а кои повторно го потврдија своето присуство.
Меѓу нив се Зоран Чутура, Стојко Вранковиќ, Миховил Накиќ, Бранко Мацура, Млаѓан Тудор, Ивица Туцак, Славољуб Муслин, Станислав Караси, Милош Буршаќ, Никица Чукров, Јовица Николиќ, Ванчо Балевски, Драган Канатларовски, Џевад Шеќербеговиќ, Фуад Мулахасановиќ, Мехмет Богујевци, Шабан Трстена, Недељко Јовановиќ, Сејо Буква, Џевад Алихоџиќ, Теоман Алибеговиќ, Тадија Качар, Раде Залад, Дане Корица, Владе Ѓуровиќ, Никола Плеќаш, Мирсад Фазлагиќ, Мили Хаџиабиќ, Енвер Хаџиабиќ, Мирослав Ѓукиќ, Веселин Вуковиќ, Момир Рниќ, Радојко Аврамовиќ, Нијаз Ферхатовиќ, Миодраг Перуновиќ, Нијаз Мердановиќ, Љубо Радановиќ, Анте Мирочевиќ, Мојаш Радоњиќ, Зоран Батровиќ, Драгиќ Мехмедиќ, Зоран Батровиќ, и многу други.
Улцињ повторно ќе собере генерации спортисти и новинари кои оставиле длабока трага во регионалниот спорт. Мундијалот на пријателство од година во година прераснува во своевидна средба на спомени, пријателство и заедничка спортска историја, а петтото издание веќе најавува уште еден голем спектакл!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
