Мундијалот во Русија во опасност од – скакулци!

Организаторите на Светското фудбалско првенство во Русија на неколку месеци пред мундијалот се соочуваат со несекојдневен проблем – наезда на скакулци на фудбалските терени. Руската Влада соопшти дека скакулците може да ги уништат терените на стадионите предвидени за ЕП.

Скакулците обично се хранат со посевите во јужниот дел на Русија и претставникот од руското Министерство за замјоделие, Пјотр Чекмарјов, предупреди дека скакулците може да стигнат и на стадионите.

„Главно можеме да се избориме со скакулците, но стравуваме дека годинава може да имаме меѓународен скандал поради нив. Фудбалските терени се зелени, скакулците скаат места со многу зеленило. Што ќе биде ако долетаат на места на кои се игра фудбал?“ – изјави владиниот функционер конференцијата со земјоделските експерти.

Како најризична област се посочува регионот околу Волгоград. На стадионот во Волгоград ќе се играат натпреварите од групната фаза, меѓу другите и дуелите меѓу Англија и Тунис, односно дуелот Полска – Јапонија.

Се вчитува...