Мундијалски малер: Хрватска остана без уште еден ас за СП 2019

Хрватскиот селектор Лино Червар се соочува со се поголеми проблеми на еден месец до почетокот на СП 2019 во Германија и во Данска. Домагој Павловиќ поради тешка повреда на скочниот зглоб нема да му биде на располагање на Червар, а хрватскиот кормилар од вчера остана без уште еден значаен адут откако незгодна повреда заработи и Марино Мариќ.

Одличниот пивот има кинење на тетивата во пределот на бицепсот, по што лекарите му препорачале пауза од три месеци, па повеќе од јасно е дека тој нема никакви шанси да се појави на претстојниот Мундијал што стартува на 10 јануари во Минхен.

Хрватска е еден од ривалите на Македонија во групната фаза, заедно со селекциите на Шпанија, Исланд, Јапонија и Бахреин.

Се вчитува...