Мурат Јакин ќе ја води Швајцарија на ЕП 2024

Селекторот на Швајцарија Мурат Јакин, ќе го предводи националниот тим на Европското првенство идната година во Гермаија. Оваа информација ја потврди и швајцарскиот фудбалски сојуз.

И покрај тоа што не играа како што посакуваа, сепак, на крајот успеа да се пласира на Европското првенство. Швајцарија има само една победа во последните седум натпревари.

Челните луѓе на федерацијата му дадоа доверба да ја води селекцијата на престојното Европско првенство. Јакин е на клупата на Швајцарија седна 2021 година, и успеа националниот тим да го однесе во Катар на Мундијалот. Швајцарија успеа да ја мине групата во која беа Бразил, Србија и Камерун. Во 1/8 финалето беа поразени од Португалија.

Се вчитува...