Мурати: Башкими може да биде изненадувањето на првото коло

Екипата на Башкими ќе ја започне новата сезона на гостински терен, каде што ќе се соочи со тимот на Силекс во Кратово. Кумановскиот тим се соочи со одредени потешкотии и доцна ги започна подготовките, но тоа не го намалува оптимизмот кај фудбалерите за уште една успешна сезона во домашната елита.

Од таборот на кумановскиот тим велат дека ја почнале сезоната со голем ентузијазам, и покрај тоа што се почнати подготовките со задоцнување.

„И покрај тоа што имавме проблеми и ги почнавме подготовките со задоцнување, сепак, подготвени сме да дадеме максимум. Не очкеува исклучително силен и физички добро подготвен противник. На нивен терен е секогаш тешко да се игра, но ние добро го познаваме протвиникот, ќе се бориме за секоја топка и ќе се обидеме да изненадиме во Кратово“, рече Адис Мурати, дефанзивецот на Башкими.

Се вчитува...