Мурати и Нафиу верни на Шкендија

Шкендија успеа да договори уште двајца фудбалери, потпишувајќи договори за Мевљан Мурати и Валмир Нафиу да останат во тетовскиот клуб и во следната сезона. Актуелните договори на Мурати и Нафиу истекуваа летово, но „црвено-црните“ успеаја да се договорат двајцата да останат и во новата сезона дел од Шкендија.

„Претходниот договор ми истекуваше летово, но во ниту еден момент не се сомневав дали ќе останам во клубот. Верувам дека Шкендија ќе бележи нови успеси во наредниот период“, изјави Мурати по потписот на новиот договор, со важност до 2023 година.

Нафиу, кој беше дел од младинската школа на Шкендија, не го криеше задоволството што ќе го продолжи престојот во овој клуб.

„Им благодарам на челниците за довербата што ми ја укажаа, ќе сторам се за да ја оправдам со добри игри во иднина. Оптимист сум дека пред нас е успешен период“, истакна Нафиу, чиј нов договор е на „една плус една сезона“.

Се вчитува...