Муричи: Работев како келнер во Косово, во Мајорка сакам да умрам

Само неколку дена откако го „тресна“ Атлетико, косовскиот фудбалер Ведат Муричи даде интересно интервју во кое вели дека во Мајорка не само да ја заврши кариерата, туку и да умре тука.

Муричи постигна пет голови на петте последни натпревари во една од најдобрите лиги во Светот. Косовецот е причината што Мајорка оваа сезона игра одлично. Тој е најскапото засилување во историјата на Мајорка, откако беше купен за 8 милиони евра од Лацио.

Во својата приказна искажа некои многу интересни работи.

„Тренерот Агуире има право. Ружен сум и тоа многу. Мојата сопруга не гледа добро, но сум многу атрактивен. Не се гледам себе си како идол некому. Во Мајорка сум седум месеци и сакам тука да ја завршам кариерата“, рече Косовецот и додаде:

„Неколку години бев келнер во Косово. Почнав да работам како келнер на 9 години. Работев доста работи, ја преживеав војната во Косово, гледав работи кои никој не би посакал“, рече Муричи.

Муричи првиот голем трансфер го направи во 2019 година откако мина од Ризеспор во Фенербахче за 6 милиони, а потоа продаден на Лацио за 20. Во дресот на Лацио не се снајде, па замина во Шпанија каде што во моментов е еден од најдобрите.

„Не само што ќе останам во Мајорка до крајот на кариерата, туку тука и ќе умрам“, порача Муричи.

Се вчитува...