Мурињо доаѓа, Винисиус си оди од Реал Мадрид?!

Голем е бројот на поддржувачи на идејата на Флорентино Перез со враќањето на Жозе Мурињо да го врати Реал Мадрид на врвот на европскиот фудбал, но меѓу оние кои се за оваа идеја не е Бразилецот Винисиус.

Голгетерот летово ќе влезе во последната година од договорот што го има со Реал, преговорите за продолжување на соработката веќе премногу се одолговлекоа, а доаѓањето на Мурињо на чело на Реал може да означи и крај на престојот на бразилскиот репрезентативец во Мадрид.

Шпанските медиуми тврдат дека Жозе веќе побарал од Флорентино Перез да не брза со новиот договор за Винисиус и да ги стопира преговорите на неколку месеци. Иако е свесен за фудбалските квалитети на големиот ас, Мурињо се сомнева дека Винисиус со својот темперамент, работни навики и навиката да ги провоцира противниците со што ги фрустрира и соиграчите, со сето тоа може да му пречи на „специјалниот“ во обидот да наметне авторитет врз целата екипа.

Предлогот од Мурињо е преговорите за нов договор да се стопираат неколку месеци по почетокот на сезонаа, но Флорентино не сака да ризикува, свесен дека Винисиус во јануари 2027 ќе може да потпипше преддоговор со нов клуб и следното лето да си замине без никаква отштета. Поради тоа, многу позивесно е дека Бразилецот летово ќе биде ставен на трансфер-листа за отштетета од најмалку 100 милиони евра, сума што потоа Мурињо би ја имал на располагање за да доведе нов врвен офанзивец како партнер во нападот за Килијан Мбапе.

Се вчитува...