Мурињо доаѓа во Италија, но не во Интер?

Португалскиот стратег Жозе Мурињо најави дека од почетокот на следната сезона сака да му се врати на фудбалот затоа што му недостасуваат секојдневните тренинзи и натпреварите. Тој е на одмор по разделбата со Манчестер Јунајтед, но на негова адреса секојдневно пристигнуваат нови понуди. Најновата е од Рома.

Раководството на италијанскиот калчолигаш сака да го доведе Мурињо и да формира тим за високи дострели во Серија А. По заминувањето на Еузебио ди Франческо, римскиот клуб го ангажираше Клаудио Раниери, но ниту не успева да ги склопи коцките во мозаикот.

Мурињо постојано се поврзува со враќање во Интер, каде имаше ѕвездени мигови и ја освои тројната круна.

Се вчитува...