Мурињо е најлошиот тренер на Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“

Жозе Мурињо е најлошиот тренер на Манчестер јунајтед во последните 43 години, покажува статистиката на домашните победи на „црвените ѓаволи“.

Иако со ремито против Евертон (1-1), ја продолжи серијата од 20 натпревари без пораз на клупата на Манчестер јунајтед, Мурињо, официјално статистички е најлошиот тренер на „црвените ѓаволи“ од 1974 година досега! Во таа 1974 година, Манчестер јунајтед под водство на Томи Дочерти на „Олд Трафорд“ освои само 35 проценти од можните бодови. Мурињо сега е на 37,5 проценти на домашни победи, што е поразителна статистика со оглед на тренерското реноме на португалскиот стратег.

За споредба, Луис Ван Гал во периодот од 2014 до 2016 година освоил 65 проценти од можните бодови на домашен терен, а неговиот претходник, Дејвид Мојс, има 44 проценти.

Според оваа статистика најголеми супеси со Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ има Алекс Фергусон. Легендарниот Шкот во периодот од 1986 до 2013 година има остварено 370 победи на домашен терен во 517 натпревари или фантастични 72 проценти.

manchester

Се вчитува...