„Мурињо е успешен тренер… но и Цезар бил многу добар, а денеска не би можел да предводи војска“

Неуспешната епоха на Жозе Мурињо во редовите на Тотенхем заврши со отказ, но Португалец брзо најде замена и потпиша за Рома со што „Специјалниот“ повторно се најде во фокусот на јавноста и ги подели мислењата. Некои велат дека Мурињо е вистинскиот човек за „Вочицата“, додека според други неговото време како врвен стратег е поминато.

Еден од овие вторите е и менаџерот на Герет Бејл, Џонатан Барнет кој не ги штедеше зборовите и имаше што да каже на темата „Мурињо“, особено потенцирајќи го односот на Португалецот со Велшанецот.

„Не би го кривел Мурињо, тој е успешен терен… но и Јулиј Црзар бил многу добар, а денеска не би можел да предводи војска. Им реков на Спарс од самиот почеток да му дадат шанса на Герет, да му веруваат и да го третираат како Меси или Роналдо, а тоа ќе донесе резултати. Докажано е дека секој пат кога тоа е случајот, тој постнува многу голови. Тој е светска класа. Тоа беше големата грешка на Мурињо, но јас никого не обвинувам“, изјави менаџерот.

Притоа Барнет вели дека не го гледа Бејл во Реал Мадрид следната сезона, но за тоа се прашуваат три страни…

„Тој и понатаму е еден од најдобрите играчи на светот, но остануваат само уште четири натпревари до крајот па ќе видиме. Тоа ќе биде одлука на три страни: тука сме ние, Реал Мадрид и Тотенхем. Ние имаме некој наш поглед на работите и ќе го изнесеме нашиот став кога ќе биде правото време за тоа. Се сомневам дека Бејл има иднина во Реал Мадрид, но доколку го посакуваат на клупата и тоа е во ред. Може и мене да ме стават на клупа за тие пари“, додаде Барнет.

Се вчитува...