Мурињо ги дисциплинира ѕвездите на Реал, воведе пет правила кои мора сите да ги почитуваат

Жозе Мурињо летово се врати во Реал Мадрид, со две задачи доделени од претседателот Флорентино Перес, да освојува трофеи и да ја воведе ред во соблекувалната.

Реал под водство на Португалецот тргна одлично во сезоната, забележа три победи на трите меча во Ла Лига, и притоа воведе пет правила кои мора да ги почитуваат фудбалерите.

Тој по враќањето на „Сантијаго Бернабеу“ внимателно го следеше начинот на кој функционира екипата и дојде до заклучок дека фудбалерите имаат преголема слобода.

Мадридскиот весник „Ас“ пишува дека Португалецот одлучил да ја зголеми контролата врз исхраната на играчите, доаѓањето во тренинг кампот, работата во теретана, рехабилитацијата.

Првото правило е дека фудбалерите во тренинг кампот на Реал Мадрид, Валдебебас мора да дојдат најмалку еден час пред тренингот.

Доколку некој задоцни, нема да да биде парично казнет туку нема да работи со првиот тим и ќе мора индивидуално да вежба, а притоа можно е да не биде во составот за следниот натпревар.

Мурињо го промени и режимот на исхрана, односно клупскиот нутриционист го составува менито на фудбалерите и тоа за сите оброци во текот на денот.

Португалецот им нареди на играчите секој ден да работат во теретана како превенција од повреди.
Последното правило е дека фудбалерите рехабилитацијата по повредите ќе ја имаат во клупскиот медицински центар.

Се вчитува...