Мурињо го ’пецна’ Гвардиола: Ако сега агентот го понуди Погба, цената сигурно му е зголемена

Манчестер јунајтед на чудесен начин го доби градското дерби против Манчестер сити (2-3) со голем пресврт во второто полувреме, а потоа на сцена стапи Жозе Мурињо, кој во свој стил му одговори на Пеп Гвардиола, за претходните тврдења дека Мино Раиола во зимскиот преоден рок им го нудел Пол Погба на „граѓаните“.

„Не барав од Погба да игра подобро во второто полувреме, затоа што бев задоволен од неговата игра и во првиот дел. А потоа тој постигна два гола. Ако сега агентот го понуди на некои други клубови, цената сигурно му е зголемена“, изјави Жозе Мурињо.

Се вчитува...