Мурињо го враќа Чичарито на „Олд Трафорд“?

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, ги подгреа надежите на фановите на клубот дека на лето на „Олд трафорд“ би можел да се врати Хавиер Хернандез Чичарито. Мексиканскиот напаѓач беше продаден во Баер Леверкузен за сума од само 8 милиони фунти, но тоа се случи во периодот додека Луј ван Гал беше на клупата на „црвените ѓаволи“. Португалецот Мурињо уште еднаш напомена дека во моментов на Манчестер јунајтед му недостига токму таков ’роден голгетер’, истакнувајќи дека Чичарито сигурно ќе постигнел 20 гола оваа сезона, дури и ако влегува од клупата за резерви.

„Имаме креативни фудбалери во средниот ред, но ни недостига ’роден голгетер’. Ќе ви дадам и пример, доколку игравме на ваков начин, а го имавме во тимот и Чичарито, мислам дека тој лесно ќе постигнеше 20 гола во досегашниот тек од сезоната. Дури и ако влегува по 20 минути на крајот од мечевите, тој ќе постигнеше 20 гола. Тој има природен голгетерски инстинкт, ќе се најде каде што е топката, ќе скокне, ќе постави нога, – бум…гол“, изјави Мурињо.

Англиските медиуми шпекулираат дека Жозе Мурињо ќе се обиде да го врати Хавиер Хернандез на „Олд Трафорд“ ова лето, за сума од 20 милиони фунти.

 

Се вчитува...