Реал Мадрид во еден ден заврши две фантастични работи на пазарот, комплетирајќи го мегатрансферот на Диоманде од Лајпциг, а неколку часа подоцна и потпишувајќи нов договор со Винисиус.
Жозе Мурињо сепак остана без една од најголемите желби, откако Родри јасно стави до знаење дека приоритет во овој преоден рок ќе даде на Барселона, откако МВП фудбалерот од последниот мундијал го избра каталонскиот гигант пред „кралевите“ за своја следна дестинација во кариерата.
Мурињо сепак има „план Б“, па веќе побарал од Флорентино Перез во Мадрид да му биде доведен Енцо Фернандез. Аргентинецот на Челси беше поврзуван со трансфер во Реал уште пред мундијалот, но тие шпекулации стивнаа откако „кралевите“ решија да тргнат по Родри. Сега кога тој план е пропаднат, најтрофејниот европски гигант се враќа со максимално сериозен интерес за овој одличен играч за врска, како последна алка во мозаикот што Мурињо го гради во Мадрид летово.
Челси сигурно нема лесно да се откаже од својот клучен првотимец, па Реал ќе мора да тргне со најмалку 100 милиони евра ако сака да има шанси да го осигура потписот на Фернандес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
