Мурињо: Изгледа сум подобар тренер отколку што мислат луѓето

Манчестер јунајтед стигна до голема победа на градското дерби, а Жозе Мурињо по мечот не ја пропушти можноста да ги „пецне“ сите оние кои ја критикуваат неговата работа.

„Го добивме Манчестер сити на гостински терен, претходно бевме подобри и од Челси и од Ливерпул. Моментно сме втори во оваа силна лига, така што сигурно не сум толку лош колку што мислат луѓето. Овој тим е подобар од што мислат многумина, ќе продолжиме напорно да работиме за уште подобри да влеземе во наредната сезона. Манчестер сити ќе биде шампион, и тоа заслужено, но ние не сакавме шампионската забава да биде пред наши очи“ – изјави Мурињо.

Манчестер јунајтед се уште има шанса за трофеј, оној во ФА Купот на Англија, каде во полуфиналето ќе се сретне со Тотенхем.

Се вчитува...