Мурињо ја напушта Рома и се враќа во Реал Мадрид!

Жозе Мурињо повторно ќе седне на клупата на најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид, пренесуваат италијанските медиуми. Искусниот стратег на крајот на сезоната ќе ја напушти Рома и ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“.

Флорентино Перез во моментов е задоволен од Карло Анчелоти, но веќе од поодамна се знае дека искусниот Италијанец нема уште долго да работи во фудбалот и се повеќе размислува на пензија.

Жозе Мурињо беше на чело на Реал Мадрид во периодот од 2010 до 2013 година, па самиот би немал ништо против повторно да седне на клупата на шпанскиот и европски гигант.

 

Се вчитува...