Мурињо ја отвори душата: Плачев по елиминацијата од Баерн Минхен во 2012 година

Харизматичниот Жозе Мурињо важи за еден од најпргавите тренери во фудабалот, но португалскиот стратег сега ја покажа и својата „нежна страна“. Имено во интервју за шпанскиот медиум ‘Марка’, поранешниот тренер на неколку европски великани говореше за својот „најболен“ пораз.

За Португалецот тоа е полуфиналето од Лигата на Шампионите во 2012 година кога неговиот Реал Мадрид беше елиминиран од Баерн Минхен по „пренал рулетот“ каде дури три „кралеви“ не успеаја да постигнат гол во мрежата на германскиот клуб.

„Тоа е единствениот натпревар во мојата кариера кога плачев по пораз. Добро се сеќавам. Аитор Каранка и јас бевме во кола пред мојата куќа и плачевме. Ми беше многу тешко бидејќи сметам дека бевме најдобри таа сезона“, изјави Мурињо.

Португалецот во истата сезона успеа да стигне до цифрата од 100 освоени бода во Премиера, девет повеќе од Барселона со рекордни 121 постигнати голови.

„Таа сезона бевме најдобар тим во Европа, без дилеми. Ја освоиме Премиера со рушење на рекордот по освоени бода и дадени голови и сосема сум сигурен дека ќе го добиевме тоа финале. Немам дилема“, додаде Мурињо.

 

 

Се вчитува...