Мурињо ја прекина прес-конференцијата поради смртта на Принцот Филип (видео)

Англија денеска е завиена во црно по смртта на Принцот Филип, кој почина на 99-годишна возраст. Сите клубови јавно изразија сочувство за големата загуба за кралското семејство, а Жозе Мурињо веднаш штом ја дозна трагичната вест за момент ја прекина прес-конференцијата на која говореше за претстојниот меч меѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Мурињо слушаше прашање од еден од присутните новинари, кога му беше додаден телефонот, а веднаш штом ја прочита веста Португалецот го промени расположението.

„Се извинувам, ќе ви одговорам подоцна на прашањето, но штотуку ја прочитав тажната вест за Принц Филип. Сакам да испратам искрено сочувство до кралското семејство. Да бидам искрен, иако не сум Англичанец, имам длабока, длабока, длабока почит кон кралското семејство“, истакна Мурињо.

Се вчитува...