Мурињо ја затвори вратата – Роналдо не се врaќа на „Олд трафорд“

Кристијано Роналдо е несреќен во Реал Мадрид, Флорентино Перез нема намера да му ја зголеми платата за повторно да го „усреќи“ својот најдобар фудбалер, а Манчестер јунајтед важеше за еден од ретките клубови што имаат финансиска моќ за да го доведат Кристијано во своите редови. Сепак, до камбек на Португалецот на „Олд трафорд“ нема да дојде откако Жозе Мурињо јасно ставил до знаење дека Роналдо не му е потребен во тимот, инсистирајќи наместо него клупската управа да го доведе Алексис Санчез.

Преговорите за трансферот на Чилеанецот се во завршна фаза, а Алексис ќе ја земе „седумката“ на „црвените ѓаволи“, број што вообичено е резервиран за Роналдо. Мурињо, кој имаше затегнати односи со Кристијано додека беше тренер на Реал, останал дециден на ставот дека многу попотребен во тимот му е Алексис Санчез отколку Роналдо, користејќи го фактот дека асот на Арсенал има само шест месеци од актуелниот договор за да го доведе на „Олд трафорд“.

Мурињо ќе има напад од соништата со Алексис, Лукаку, Ибрахимовиќ, Рашфорд и Марсијал… така што Роналдо не доаѓа во предвид. Ако се засилува во текот на летото, тогаш ќе мисли само на одбраната“ – откриваат извори од Манчестер јунајтед.

Се вчитува...