Мурињо: Јас го купив Салах од Базел, а Челси реши да го продаде!

Мохамед Салах сега е вистинска мегаѕвезда во Англија, а успеа од својот втор обид. Во Ливерпул блеска со сиот сјај, но како млад фудбалер не успеа да се докаже на „Стемфорд бриџ“, во дресот на Челси. Иако сите велат дека Жозе Мурињо не успеа да го процени неговиот квалитет, сепак, „специјалниот“ има поинакво мислење за неговиот случај.

„Не е точно дека јас го избркав Салах од Челси. Вистината е дека јас побарав да го купиме од Базел. Тој дојде како млад фудбалер, беше недоволно физички и психички силен за да успее во тој момент. Ние имавме квалитетни крилни играчи, дел од нив се уште се во клубот, како Вилијан и Еден Азар. Решивме да оди на позајмица, тоа го побара и самиот Салах кој немаше минутажа, а потоа Челси донесе одлука да биде продаден“, објасни Жозе Мурињо.

Се вчитува...