Мурињо ќе гради шампионски Јунајтед – Кои се потенцијалните „ѓаволи“ за следната сезона?

Жозе Мурињо и неговиот Манчестер Јунајтед следната сезона имаат само една цел, а тоа е да се борат за титулата во домашното првенство, со цел да ги оправдаат потрошените милиони и оние кои допрва ќе ги трошат.

Иако летото пристигнаа само четири нови имиња, „ѓаволите“ вкупно потрошија 185 милиони евра, од кои најголем дел беа наменети за Пол Погба. Португалскиот стратег изјави дека на лето ќе донесе уште најмалку четворица нови играчи кои ќе бидат дел од почетниот состав.

Најзвучното име на списокот е напаѓачот на Атлетико Мадрид, Aнтоан Гризман. Французинот е главна мета на англискиот гигант уште од минатата сезона, но, веќе во неколку наврати Гризман одолева на астрономските понуди. Мурињо исто така изјави дека слична сума ќе се одвои за најдобриот играч на „jорганџиите“ како што беше одвоена за повратникот Погба.

grizman slavi so espanjol

За многумина непознат, 25 годишниот бек на Сент Етјен, Кевин Малкуи, е еден од играчите кои се скаутирани од Јунајтед. Мурињо во него гледа потенцијална замена за „недопирливиот“ Антонио Валенсија.

Медиумите од островот уште во зимскиот преоден рок го направија Виктор Линделоф играч на Јунајтед, сепак Швеѓанецот остана во редовите на португалскиот шампион Бенфика, барем до крајот на оваа сезона.

Тиму Бакајоко импресионира со своите игри во дресот на Монако, а посебно се покажа против Манчестер сити во рамките од осминафиналниот дуел во Лигата на Шампиони. Бакајоко треба да го наследни веќе ветеранот Мајкл Керик.

Поради малата минутажа која ја добива сезонава Лук Шо, Мурињо е во потрага по лев бек, а како најдобра можна опција се покажа бразилецот Алекс Сандро, кој веќе две години е стандарден првотимец кај Алегри.

aleks sandro juventus

Најголемата задача на Мурињо засега е да го задржи Ибрахимовиќ најмалку уште една година, со оглед на тоа дека сезонава игра фантастично и несомнено е најдобриот играч во тимот.

Играчите кои се очекува да го напуштат „Олд Трафорд“ на лето се Вејн Руни, Бастиан Швајнштајгер, Матео Дармиан, Аднан Јанузај и Ешли Јанг.

Доколку овие трансфери се реализираат, во првите единаесет би биле Давид Де Хеа, Антонио Валенсија, Виктор Линделоф, Ерик Бејли, Алекс Сандро, Тиму Бакајоко, Пол Погба, Антони Марсијал, Хенрик Михтаријан, Антоан Гризман и Златан Ибрахимовиќ.

Се вчитува...