Мурињо: Лацио ја победи Рома со „пола гол“

Рома синоќа беше поразена во градското дерби со Лацио и тоа подарувајќи му го единствениот гол на противникот со грешката на Ибањез, а тоа не заборави да го потенцира и Жозе Мурињо.

Тренерот на „волчицата“ го коментирал поразот против најлутиот ривал, признавајќи дека неговиот тим не одиграл добро во офанзивниот дел.

„Мислам дека Рома не заслужи да ги загуби овие натпревари, Аталанта не победи со еден шут, Наполи имаше многу проблеми и победи со одличниот погодок на Осимен, додека Лацио денеска постигна еден пола-гол. Не беше лесно да се игра против тим кој беше толку повлечен и добро го контролираше темпото. Тие се бранеа добро откако поведоа, а нам ни недостасуваа конкретни работи и прецизност во нападите“, потенцираше Португалецот.

Се вчитува...