Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, ги негираше гласините дека преговара со Реал Мадрид.
Со денови името на трофејниот Португалец се поврзува со поранешниот клуб, како еден од кандидатите со искуство на кои се фокусира претседателот на кралскиот клуб, Флорентино Перес.
„Никој од Реал Мадрид не ме контактирал. Гарантирам за тоа! Толку години сум во фудбалот, навикнат сум на такви гласини, но немаше никаква информација од Реал Мадрид“, изјави Мурињо.
Мурињо има договор со Бенфика до крајот на следната сезона, но и клаузула за отпуштање, за која се шпекулираше дека Реал ќе ја активира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
