Мурињо може да здивне, Тотенхем ја реши Астон Вила

Огромниот притисок што се создаде врз Жозе Мурињо по шокантната елиминација од Лигата на Европа од Динамо Загреб барем за момент се намали откако „спарси“ вечерва триумфираа на гостувањето против Астон Вила со 0-2.

Тимот на Астон Вила важи за едно од најпријатните изненадувања сезонава, но избраниците на Мурињо одиграа максимално дисциплинирано во одбраната и успеаја да ги неутрализираат главните оружја на домаќините. Винисиус го постигна водечкиот гол по една одлична акција по слабо исфрлената топка од голманот Мартинез, додека конечните 0-2 од пенал ги постави Хари Кејн.

Проблем за Мурињо претставува повредата на левиот бек Регуилон, кој мораше да биде заменет и ќе мора да отсуствува извесен период од терените.

Се вчитува...