Жозе Мурињо не го криеше незадоволството и не остана нем на судиските одлуки по болната елиминација во Лига Европа од страна на Глазгов Ренџерс.
Неговиот Фенербахче имаше негатива од два гола по првата средба, но успеа да ја надокнати во реваншот пред да биде елиминиран во пенал-рулетот за кој Мурињо верува дека воопшто не треба да биде одигран.
„Еден тим на овој натпревар требаше да добие најмалку два или три пенали. Во ред, можеби не беа три, но беа минимум два. Немаше потреба да стигнеме до пенал-рулетот затоа што Фенер беше оштетен.
Не знам што гледаа судиите, но тоа треба да ги прашате нив. Нека ме казнат, веќе не ми е гајле. Зборувам гласно против сите неправди. Клубот ги плаќа моите казни, а некогаш и јас ги подмирувам од мојот џеб“, изјави Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА