Мурињо: Не знам дали Кејн е насмеан, но тој е професионалец

Еден од најдобрите напаѓачки на денешницата со сигуреност е Хари Кејн. Голгетерот на Тотенхем во последните години „пустоши“ во Премиерлигата, а неговата класа е видлива и на дуелите на англиската репрезентација. Со 27 години, Англичанецот се наоѓа на врвот на својата кариера, па во овој однос се почести се гласините за негово заминување од лондонскиот состав во потрага по нови предизвици.

За услугите на Кејн се заинтересирани великани како Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Реал Мадрид па нема воопшто да биде чудно доколку ова лето Англичанецот се определи за промена на средината. Токму за тоа говореше и Жозе Мурињо, кој вели дека пред се, Кејн се уште е играч на Тотенхем…

„Не сакам да учествувам во таа игра. Фокусиран сум на тоа што тој значи за мојот тим. Не знам дали е секогаш насмеан, но знам дека секогаш е професионален. Добро игра за клубот и репрезентацијата. Пред него се убави предизвици. Сигурен сум дека е среќен во овој момент. Сакам да биде со нас, сакам да игра добро, да покаже иста посветеност и желба како што прави и досега, да биде лидер“, изјави Португалецот.

Се вчитува...