Мурињо: Нејмар во Јунајтед, тоа не е реално…

Жозе Мурињо ги „олади“ шпекулациите околу интересот на Манчестер јунајтед за Нејмар, тврдејќи дека доведувањето на бразилскиот ас на „Олд трафорд“ е подеднакво тешко како обивање на сеф што не може да се отвори. Таблоидот „Сан“ обелодени дека Јунајтед е подготвен да плати 200 милиони евра за најдобриот бразилски фудбалер, Мурињо не ги негираше овие гласини, но смета дека нема простор за договор бидејќи Барселона воопшто не е заинтересирана да го продаде големиот ас.

Јас во сите клубови каде што сум работел сум настојувал да бидам објективен околу тоа кого можам да донесам. Да го барам Нејмар е апсурдно, бидејќи знам дека не можам да го добијам. Гигант како Барселона не смее да дозволи и нема да дозволи да го загуби Нејмар. Иако Меси се уште е млад и нема наполнето 30 години, Нејмар ќе биде великан на Барса во „Пост Меси“ ерата. Да се обидуваш да го потпишеш нејмар и како да се обидеш да обиеш сеф што никој не може да го отвори. Со еден збор – невозможно“ – изјави Мурињо.

Стратегот на Манчестер јунајтед го подготвува својот тим за саботниот натпревар со Вест Бромвич Албион, за кој покрај суспендираните Ибрахимовиќ и Ерера нема да може да смета ниту на повредените Погба, Смолинг и Џонс.

Се вчитува...