Мурињо: Нема да носиме нов дефанзивец, имаме доволно

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо порача дека во јануарскиот преоден рок нема да доведуваат засилување во одбраната.

На престојниот Куп на нациите во Африка ќе настапи и стандардниот дефанзивец на „црвените ѓаволи“, Ерик Бејли, но Мурињо потенцира дека тоа не е причина да се носи нов стопер.

„Нема да носиме нов стопер во јануари затоа што не ни е потребен. Ќе чекаме да се врати Бејли. Веќе имаме тројца стопери кои можеме да ги ротираме. Тука е секако и Блинд како четврта опција“ – вели Мурињо.

Со ова и дефинитивно се става крај на шпекулациите дека „црвените ѓаволи“ ќе ги засилат своите редови со Линделоф од редовите на Бенфика.

Се вчитува...