Мурињо обвини свој играч за предавство: Во јануари да си оди…

Фудбалерите на Рома, вчера на гостувањето кај Сасуоло одиграа 1-1. Момците на Жозе Мурињо поведоа со голот на Абрахам во 80. минута, но пет минути подоцна противникот успеа да израмни.

После натпреварот Португалецот „распали“ по еден свој играч и веќе најави дека ќе го „шутне“ од екипата.

„Жал ми е што целиот труд на екипата е издаден од еден непрофесионалец. Да се има непрофесионален став, не е фер кон соиграчите и тоа ме разочарува. Имав 16 играчи на тревникот и ми се допадна ставот на 15. На овој едниот му кажав дека такво нешто повеќе не сакам да видам. Во јануари ќе мора да си најде нов клуб“, рече Мурињо.

Португалецот не спомена за кого станува збор, но италијанските медиуми шпекулираат со името на Рик Карсдорп. Холанѓанецот беше уфрлен во игра вчера, изгуби неколку поседи, беше непрецизен во нафрлувањата и лошо одигра во одбраната.

Се вчитува...