Мурињо остро кон Погба: Повеќе фудбал, помалку реклами!

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо реагирал на последните промовирања на неговиот фудбалер, Пол Погба, кој постојано е социјалните мрежи, рекламирајќи го брендот, а последната работа која го натера Португалецот да реагира е помалку и комична. Французинот доби свој емотикон на Твитер за време на натпреварот со Ливерпул, а кај Мурињо тоа не поминува незабележано, па морал да реагира, пред сето ова да излезе од контрола.

Дека Погба го гледаме повеќе на реклами и на социјални мрежи е неспорно, најскапиот фудбалер на светот ја користи секоја можност да го промовира својот бренд, да ја покаже новата фризура, или пак некој нов танцувачки потег. Португалскиот стратег му посочил на Погба повеќе да се концентрира на фудбалот, бидејќи интернетот не го остава да се фокусира на најважното.

Иако аналитичарите и критичарите не му даваат многу време да ја оправда сумата за која е доведен во клубот, Погба како да сака да докаже дека тие се во право, тоа го прави дури и кога е надвор од терените. Моментално се опоравува од повреда на бутен мускул, но според видеата споделени на интернет, францускиот репрезентативец изгледа далеку од неподготвен.

Колку Погба ќе се покори на советите и наредбите на неговиот тренер, ќе видиме во наредните натпревари. Јунајтед во следното коло во сабота игра против ВБА на „Олд Трафорд“.

Се вчитува...