Мурињо потпишува до 2021 година, добива плата од 15 милиони фунти по сезона

Жозе Мурињо ќе ги разреши сите дилеми околу иднината потпишувајќи нов договор со Манчестер јунајтед до 2021 година. Како што јавуваат британските медиуми, сите детали се договорени, а „специјалниот“ го добил она што го посакувал – богат договор од 15 милиони фунти и огромен буџет за засилувања.

Актуелниот договор на Мурињо со Јунајтед истекуваше до јуни 2019 година, но во ситуација кога ПСЖ подготвуваше мегапонуда челниците на гигантот од „Олд трафорд“ реагираа и решија што поскоро да го решат тренерското прашање на подолг рок.

Покрај платата од 15 милиони фунти, Мурињо ќе има богат буџет за нови фудбалери во летниот преоден рок, а во меѓувреме во јануари за подарок ќе го добие и Алексис Санчез.

Се вчитува...