Мурињо: Реал и Зидан се совршена приказна

Жозе Мурињо смета дека Зинедин Зидан е вистинското решение во овој момент за Реал Мадрид. Португалецот го предводеше тимот од главниот шпански град од 2010 до 2013, а беше и прв претендент за замена на избрканиот Сантијаго Sолари. Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон најави дека Мурињо бил прв избор на Флорентино Перез, но морал да се повлече пред притисоците од соблекувалната и да се реши за Зидан.

„Мислам дека ова е соврешено решение со оглед на се тоа што тој го направи претходните години. Ова е најдобро за Реал, најдобро и за Зидан. Ова е голема шанса да покаже колку е добар“ – вели Мурињо.

Мурињо од декември минатата година, по отказот од Манчестер Јунајтед е без работа. Покрај со Реал Мадрид поврзуван е и со враќање во Интер.

Се вчитува...