Мурињо сака да го врати Герет Бејл во Тотенхем

Португалскиот стратег Жозе Мурињо ја стартувал мисијата за враќање на Герет Бејл во Тотенхем, открива шпанската телевизија „Кватро“. Тој имал разговор со претседателот Флорентино Перез и побарал дозвола да почне преговори со Велшанецот, надевајќи се дека ќе успее да го убеди да се врати во Лондон.

Бејл има уште две години од актуелниот договор со „кралскиот клуб“, а заработува 17 милиони евра по сезона. Реал Мадрид би бил среќен и ако тој замине без отштета, само да го ослободи буџетот од неговата огромна плата. Велшкиот интернационалец има големи несогласувања со тренерот Зинедин Зидан кој речиси и воопшто не сметаше на него на крајот од минатата сезона, а фудбалерот преку агентот најави дека нема намера да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Односите меѓу Бејл и раководството на Реал Мадрид значително се влошија откако Велшанецот не доби дозвола за трансфер во Кина минатото лето, односно Флорентино Перез побара преголема отштета за неговото заминување.

Се вчитува...