Мурињо сака да се врати во Интер

Португалскиот стратег Жозе Мурињо ако набрзо се враќа на тренерската работа во клуб, тогаш дефинитивно одлучил тоа да биде единствено враќање во Интер.

Мурињо од декември е без работа откако доби отказ на клупата на Манчестер јунајтед, но веднаш потоа неговото име се поврзуваше со неколку европски клубови. Сепак, како што пренесуваат италијанските медиуми, 56-годишниот Мурињо единствено посакувал враќање во Интер со кого стигна до трофеите во Серија А и во Лигата на шампионите.

Интер моментално е на третата позиција во италијанското првенство, но Лучијано Спалети никако да го извлече најдоброто од својата екипа. Доколку не успее да се квалификува за Лигата на шампионите следната сезона, сосема сигурно е дека ќе следи промена на тренерската позиција а тоа во јуни би можело да донесе враќање на Португалецот.

Се вчитува...