Мурињо сака „кралска“ врска на „Олд трафорд“

Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед очигледно дека ја губат шампионската трка во Премиер – лигата оваа сезона од градскиот ривал Манчестер сити, но затоа португалскиот стратег веќе се подготвува за следниот шампионат. Тој посакува да доведе на „Олд трафорд“ еден од двајцата одлични играчи за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ или Тони Крос.

Британските медиуми најавуваат дека Пол Погба би можел да замине на „Сантијаго Бернабеу“ по завршувањето на сезоната, а Мурињо при таков развој на настаните би побарал како дел од трансферот вреден 130 милиони евра, во Манчестер јунајтед да дојде или Тони Крос или Лука Модриќ. Нивната вредност во моментов се проценува на околу 50 милиони евра, што значи дека Јунајтед би добил одличен играч, и околу 80 милиони евра во кеш, доколку се реализира трансферот на Погба во Реал Мадрид.

Се вчитува...